Румен Радев, идниот премиер на Бугарија, според најавите нема да чека со формирањето на својата влада. Веќе се појавија некои имиња за потенцијални министри, во кои како најблиски соработници на Радев се споменуваат вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и Петар Витанов, како вицепремиер за европски прашања.
Во шпекулациите се споменува Димитар Стојанов за министер за одбрана, а Христо Алексиев за ресорот транспорт.
За потенцијален министер за надворешни работи, се споменува името на Ради Најденов, кој веќе ја вршеше оваа функција во службената влада во 2017 година. Тој е дипломат од кариера, бил амбасадор на Бугарија во Германија, Лихтенштајн и Швајцарија. Во владата на Симеон Саксобурготски, прво бил назначен како заменик-министер за одбрана, а подоцна како шеф на кабинетот на премиерот. Има диплома по меѓународни односи од Универзитетот за национална и светска економија, а завршил и курс за млади дипломати на Европскиот колеџ за студии по меѓународна и безбедносна политика – Центар „Џорџ Маршал“. Ради Најденов течно зборува германски, руски и англиски јазик.
Како дел од бугарската дипломатија, актуелен Раководител на Инспекторатот на МНР, ја застапувал службената позицијата кон Македонија. Односно, дека Бугарија инсистира Македонија да ги исполни обврските кон ЕУ, со нагласување на заштитата на правата на Бугарите во државата. Овие услови се директно поврзани со напредокот во ЕУ интеграциите.






