Договорена директна авиолинија Анкара Скопје и карго железничко поврзување

На средбата на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, потпишани се договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара -Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави Николоски. 

Министерот за трговија на Турција на социјалната мрежа “Х” ја објави информацијата за новата авиолинија и карго железничкото поврзување и напиша дека двете земји продолжуваат да работат кон остварување на целта за билатерална трговска размена од 2 милијарди долари.

“На средбата се согласивме дополнително да ја зајакнеме нашата соработка во областите на транспортот, логистиката, цивилното воздухопловство и железничкиот сообраќај. Веруваме дека директните летови на “AJet” на релација Анкара–Скопје, како и железничката соработка меѓу TЦДД и МЖ Инфраструктура ќе дадат значаен придонес за трговијата, инвестициите и поврзаноста меѓу нашите земји, објави министерот за трговија, Омер Болат.

Средбата на министрите се реализира во рамки на Турско -македонскиот бизнис форум што денеска се оддржа во Истанбул. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ