Додека работниците ќе протестираат пред Собрание, пратениците ќе расправаат за Законот за работни односи

Од 9 часот Собранието ќе биде блокирано од закажаниот протест на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), чии членови сакаат да им порачаат на пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната плата повеќе од една година и кои не сакаат да ја прифатат иницијативата на ССМ за намалување на функционерските плати. Додека работниците протестираат, пратениците ќе ја одржуваат 84.седница, на чиј дневен ред се шест точки. Меѓу другите точки е и таа за со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

Додека тече протестот, Собранието ќе работи редовно, без дополнително обезбедување, бидејќи, како што рече претседателот Африм Гаши, очекува да биде мирно собирање. Пратениците нема да може да дојдат со своите возила на работа, бидејќи паркингот ќе биде блокиран.

Барањето за зголеување на минималната плата засега не наидува на разбирање кај власта. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, рече оти прашањето за минималната плата е чувствително и дека не се носи решение под притисоци или пак краткорочни политички решенија. 

-Се чекаат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) и во март ќе има законско нивелирање на платите од 1500 до 2000 денари, кажа Дурмиши во телевизиско гостување.

Опозициската СДСМ поднесе предлог закон за зголемување на минималната плата, но ова законско решение денеска не е на дневен ред на денешната седница.

На собраниската седница денеска се Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија – второ читање. Денеска ќе бидат разгледани и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници и Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ