Граѓаните на Кочани кои протестираа против загадениот воздух, успееја да ја принудат компанијата да ги крене еколошките стандарди. Во вториот случај со изградбата на минихидроцентрала кај Гратче, каде беа организирани и блокади, се пред Управниот суд. Овој изоден пат е резултат на повеќегодишни напори и граѓански реакции. Но, многу често, граѓаните не знаат како да постапат кога им е загрозено правото, во случајот, правото на лист воздух и здрава животна средина.
Поради тоа, коалиција од граѓански организации започнаа серија работилници низ државата, со цел да ги информираат и охрабрат граѓаните поактивно да се вклучат во донесување на одлуките, кои влијаат врз животната средина и квалитетот на животот. За таа цел изработен е и Практичен водич со конкретни чекори како да се постапи.
-Граѓаните имаат генерално предизвик во постапувањето заради тоа што не се точно и доволно информирани за која постапка, кој е надлежен орган. Малку тој дел околу ингеренциите е испреплеткан, а државната администрација многу често знае да ги префрла одговорностите од една на друга институција и после некое време се губиш во лавиринтот и а се откажуваш да дека можеш нешто да да направиш, да смениш. Се надевам дека со денешната работилница и со материјалите коишто ги изработивме, практичен водич буквално како рецепт за леб, а има точни информации за која постапка, која институција е надлежна, вели Маја Марковска од „Миленуконтакт“ една од четирите организации, дел од проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина”.
Граѓаните од источниот регион денеска на работилницата споделуваа искуства, каде го потенцираа административниот лавиринт, често и непостапување по нивните иницијативи и реакции. Во таа насока се напорите на граѓанските организации за, како што вели Маркова, за практично поедноставување на постапките и процедурите за луѓето за да можат да учествуваат и да се охрабрат да бидат дел од промените коишто самите ги бараат. Но, она коешто навистина треба да се случи, е поголема транспарентност, отчетност и попаметно планирање од страна на државните органи. Друг предизвик е читањето на официјалните документи од институциите, покрај редовното објавување на извештаите, особено тие кои се однесуваат на прашањата за заштита на животната средина.
-Самото објавување на извештаите во суштина не значи ништо доколку тие не се проследени и не се објаснети за населението да знае што е а самата содржина на истите. Многу технички информации, технички податоци се доста лошо интерпретирани од страна на граѓаните и граѓанските организации поради тоа што се многу стручни, многу технички и тој дел можеби треба да се подобри, а тоа е да има некаков сумарен, односно општ дел, во којшто се објаснува извештајот за што се однесува, какви се параметрите, кои се параметрите, дали се или не се во рамките на тоа што е дозволено, изјави Марковска.
Македонското законодавство, но и усвоената Архуска конвенција која дава права на јавноста во однос на пристапот до информации, учеството на јавноста и пристапот до правдата им овозможуваат на граѓаните да прашуваат, да поднесуваат иницијативи и претставки, да учествуваат во донесувањето на одлуки, кои ги засегаат, како и други механизми кои им се на располагање.





