Предвесникот на пролетта, долговратиот бел штрк, пристигна вчера изутрина во село Богородица, гевгелиско навестувајќи дека доаѓа пролетта.
Најпрво слета на камбанаријата од селската црква, а потоа се смести во едно од постоечките гнезда, кои што ги има на секоја бандера во селото, пренесува гевгелијанет.ком.
Годинава првиот штрк порани цели 9 дена за разлика од лани кога пристигна на 28 февруари.



