Денеска на прес конференција на Пасворд Продукција беше најавена целосната програма и активности за Д Фестивал кој ќе се одржи од 26-28 јуни 2026 година во Штип. Најавени се 5 стејџа, проштарт, кампинг зона и над 80 артисти кои ќе учестуваат а истите по денови можат да се пронајдат на нивната веб страна.

„Благодарение на големата поддршка која ја имаме од нашите партнери и поддржувачи, годинава решивме дека Д Фест повторно ќе ги отвори вратите за сите посетители и сите ќе можат бесплатно да ја проследат целата програма на Д Фестивал.“ Изјави Огнен Стојаноски од Пасворд Продукција.

„Во овие тешки услови за културата, сметавме дека е од исклучителна важност да поддржиме што е можно повеќе македонски артисти и нив да ги искомбинираме со она што го имаме како странска програма.“ Додаде Огнен Стојаноски од Пасворд Продукција.

Во фокусот на артистите во програмата се: Boris Brejcha, Idles, Destuction, DJ Premier и многу други.

„Навистина ми е чест задоволство и гордост што Д Фестивал својот дом го најде втора година по ред во Штип, тоа е доказ дека Штип и град на културата, град на уметноста, град на фестивалите и е навистина едно летно освежување за целиот исток и за нашиот град, затоа што Д Фестивал ќе овозможи 3 дена во Штип да има илјадници посетители од целиот регион, пошироко како и од надвор од државата, а ќе има и огромно економско значење.“ Изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.






