Европарламентот им удоволи на бугарските европратеници – Историјата останува, Бугарите да се внесат во Уставот

Отфрлен е амандманот на известувачот за Македонија, Томас Вајц, со кој требаше да се избрише став 73 од Резолуцијата. За појаснување, доколку амандманот беше усвоен, текстот нема конкретно да го спомене Вториот протокол кон Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

Став 73 повикува Историската комисија да постигне „јасни и опипливи резултати“ со тоа што ќе ја базира својата работа на „објективни, автентични и докажани историски извори и документи“ во согласност со Вториот протокол кон Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија, а се вклучува и терминот „заедничка историја“.

Со гласањето, е отфрлен апелот на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој порача ако сака Европа да го задржи својот кредибилитет, тоа треба да го направи, треба да ја исправи неправдата што ѝ е нанесена на Македонија.

-Мислам дека тоа треба да се случи, европските пратеници треба да го поддржат и оној амандман во кој се нотираат придобивките и напредокот, но и оној дел во кој протоколите не се составен дел од преговарачката рамка. Ги охрабрувам и ги замолувам европратениците да се држат до европските вредности дефинирани од Шуман, Аденауер и Де Гаспери при формирањето на ЕУ, рече Мицкоски.

Меѓудругото, со денешното гласање, ставот на Советот на ЕУ е потврден, дека е подготвен да ја одржи следната меѓувладина конференција штом Скопјe ќе ги спроведе потребните уставни измени.

Бугарските политичари ликуваат на отфрлањето на амандманот и гласањето го сметаат за победа.

„Бугарија не може да дозволи земја која е непријателски настроена да се приклучи кон Европската Унија. Без гласот на Бугарија и без поддршката на Бугарија, Република Северна Македонија не може да стане членка на Европската Унија“, изјави бугарскиот европратеник Кристијан Вигенин.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ