Еден загинат во тешка сообраќајна несреќа кај Кочани

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер кај Грдовска петла, животот го загубил млад маж од Кочани, јавува Радио Кочани. Според првичните и неофицијални информации, во несреќата учествувале комбе со винички регистарски таблички и мотоцикл управуван од починатото лице.

Од силината на ударот, мотоциклистот починал на самото место. На местото на несреќата веднаш интервенирале екипи на Министерството за внатрешни работи, Итната медицинска помош и други надлежни служби, кои извршиле увид и работеле на расчистување на околностите под кои дошло до трагедијата.

Надлежните институции најавуваат дека повеќе детали за причините за несреќата ќе бидат соопштени во текот на денот, по завршувањето на истрагата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ