Со одлука на судија за извршување на санкции, условен отпуст доби поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков кој беше осуден за случајот „27- ми април“ за настаните од Собранието. Чавков денеска е пуштен дома и останува на условен отпуст до преиначување на одлуката. Информацијата ни ја потврдија од КПД Затвор – Штип.
Чавков, според пресудата за казна затвор од 18 години за делото „тероризам“, требаше да остане зад решетки до 2036 година. И пред овој условен отпуст, Чавков на неколку пати излегуваше од здравствени причини.
Од групата од 16 осудени за „крвавиот 27- ми април“, во затворот во Штип остануваат само уште двајца – Никола Митревски и Александар Јаневски – Ацо Тошта. Речиси за сите има условен отпуст.
Групата беше осудена на 211 години вкупен затвор. Највисока казна доби Митко Чавков – 18 години, кој како што беше изречено во пресудата имал командна одговорност за упадот на групата во Собранието.






