Запленети 2.500 игли, шприцеви, канили и системи за инфузија од Кина, ризични по здравјето, вели Николовски

Запленети 2.500 инфузиски медицински сета – игли, шприцеви, канили и системи за инфузија, ризични по здравјето на граѓаните. За случајот информираше директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во интервју на Алфа телевизија, при што истакна дека годинава се запленети над 10 илјади парчиња лекови.

„Последен случај каде јасно се гледа нашата заложба во заштита на здравјето на граѓаните е заплената на 2.500 инфузиски сета во царинска испостава Скопје 3. Случајот е откриен при детална контрола на инфузиски медицински материјал – игли, канили и системи за инфузија, при што е констатирано е дека истите се кинеска стока, а не германска која била предмет на дозвола за увоз. Со оглед на тоа дека сетовите за инфузија не се во согласност со медицинските стандарди во државата, не се безбедни за употреба и за нив не е издадено одобрение за увоз, стоката е запленета и истата ќе биде уништена, а против увозникот е поведена соодветна постапка”, истакна Николовски.

Директорот воедно информира дека минатата година се спречени два меѓународни канали за нелегална трговија со анаболични стероиди при што запленети се 600 илјади килограми супстанци штетни по здравјето на граѓаните.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ