Затворена наплатната станица Отовица поради снег, а забрана за камиони на Плетвар

Фото: Македонија пат

Од 9.16 часот целосно е затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица на патниот правец Велес – Скопје поради расчистување на снегот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Забраната важи за сите видови возила. Дополнително, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

АМСМ апелира возачите да ја следат состојбата на патиштата и да ги почитуваат привремените сообраќајни мерки.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ