Во МКЦ, на местото каде што 1983 година се одржа првиот настап на „Меморија“, вчера се отвори изложба насловена како „Времеплов, од црно-бело во боја“, на која низ фотографии е објснета приказната на оваа култна група.

Но, пред изложбата се одржа прес на кој освен деталите за концертот, кој ќе се случи на 25 декември во 20 часот на истото место, се пјавија речиси сите пејачи и музичари кој поминале низ годините во „Меморија“. На пресот се појавија 14-мина стри и сегашни членови, секој со своја носталгична приказна. И што е најинтересно сите биле ченови на ист бенд, но некои од нив не се виделе со години, а некои и не се познаваа лично, но ги врзуваше бендот, кој и покрај се успеа да опстои низ годините и денес да ги собере на едно исто место.

-Животот е чуден. Овде требаше да биде и Драган Б. Костиќ, нему прва му ја пуштивме касетата со „Дирлада“ и рече дека ќе биде мегахит. Вчера, за жал, го испративме Драган и велам дека животот е чуден затоа што после тоа бевме на свадба, па на проба за концертот.

Не можам да барам минута молчење за некој како него, туку минута аплауз, а за Драган треба да се зборува и да се аплаудира, а не да се молчи“, рече Петар Георгиевски-Камиказа.

Сите од присутните членови со носталгија се сеќаваа на периодот кога биле дел од „Меморија“. Раскажуваа анегдоти, рзлични мислења за тоа во кој правец треба да се движи „Меморија“, кој зошто заминал. Еден куп лични приказни кои денес се дел од изложбата а утре ќе бидат дел од документарниот филм и серија.







