За една ноќ уапсени шест насилници од Гостивар, Крива Паланка, Битола и Охрид

Фото: Фрипик

-Шест одделни случаи на семејно насилство, при што полициски службеници привеле пет лица осомничени за различни облици на физичко и психичко насилство биле пријавени во текот на вчерашниот ден во повеќе градови низ државава, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

-Полицијата од ОВР Гостивар го лишила од слобода 27-годишниот Ј.З. од село Долна Бањица, по пријава од неговата сопруга (26). Според пријавеното, тој упатувал закани кон нејзината мајка преку социјални мрежи, по меѓусебно недоразбирање.

-Во Крива Паланка имало два случаи. Првиот случај бил пријавен во 12:05 часот, кога полицијата го привела 18-годишниот Т.Д. од Крива Паланка поради физички напад врз неговиот татко. Додека, во вториот случај, пријавен во 00:45 часот, лишен од слобода бил 49-годишниот Е.В.М. од истиот град, кој физички го нападнал 16-годишниот син на неговата сопруга.

-Полицијата од СВР Битола го привела 33-годишниот И.Р. од битолско село, по пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 25-годишна сопруга.

-Во Прилеп, 45-годишна прилепчанка пријавила дека нејзиниот сопруг Е.Ш. физички ја нападнал во нивниот дом. Додека во Охрид, полициски службеници го привеле 44-годишниот О.Л. од Охрид, кој, според пријавата, физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивното малолетно дете.

 Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ