Статистиката на МВР покажа дека од февруари до април возачите направиле 73.340 сообраќајни прекршоци, кои ги регистрирал системот „Безбеден град“. Најголем дел од прекршоците се за пречекорување на брзината -70.365, но има и такви кои преминале на црвено – вкупно 456 случаи.
Половина од прекршоците се направени во Скопје.

Анализата покажува дека возачите се опуштиле и најмалку прекршоци сториле во првиот месец од официјалното стапување во сила на системот -19.066, но веќе во март и април се зголемуваат – 26.241 во март и 28.033 во април.







