За 10 години имал девет операции – Музичкиот свет го загуби Крис Риа, еден од најпрепознатливите гласови

Фото: Јутјуб

Музичкиот свет го загуби еден од своите најпрепознатливи гласови – Крис Риа. Британскиот кантавтор, најпознат по божиќниот хит “Driving Home for Christmas”, почина на 74-годишна возраст, опкружен со своето семејство, по кратка и сериозна болест, пренесува курир.рс.

Во текот на својот живот се соочи со низа сериозни здравствени проблеми, но продолжи да се бори и, како што често велеше, не се плашеше од смртта.

Неговата иконска песна “Driving Home for Christmas” редовно се враќа на британските листи со синглови од 2007 година. Неколку часа пред да почине, Риа сподели емотивна објава на социјалните мрежи: фотографија од автомобил на снежен пат со пораката “Driving home for Christmas with a thousand memories”, која допре до многумина. Во описот, тој ја додаде реченицата: „Ако е бел Божиќ, да се надеваме дека патувањето ќе биде непречено“.
Роден во Мидлбро, Крис Ри преживеал низа здравствени кризи во текот на својот живот. На само 33 години, му беше дијагностициран рак на панкреас, поради што му беа отстранети дел од панкреасот, жолчното кесе и дел од црниот дроб. По закрепнувањето, тој продолжи да живее со дијабетес и проблеми со бубрезите, а во 2016 година доживеа мозочен удар.

И покрај сите тешкотии, тој не престана да создава музика.

Во 2017 година, тој беше итно префрлен во болница откако се онесвести за време на настап во Оксфорд, но дури и тогаш не дозволи здравствените проблеми да го спречат. Наместо тоа, рече дека тие го охрабриле да се врати на своите музички корени – блузот. Нагласи дека негова најголема мотивација била да остави музички белег на кој неговите ќерки би можеле да бидат горди.
Тој постојано зборуваше за тешките операции низ кои поминал од 1994 година, опишувајќи го тоа време како вистински кошмар. Тој откри дека во период од десет години имал дури девет големи операции поради ретката и непредвидлива болест ретроперитонеална фиброза, која зафатила неколку внатрешни органи.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ