Згасна млад живот! Маж (35) е работникот, кој утрово го загуби животот копајќи темели за зграда во Кисела Вода

Фото: МИА

Маж на 35 години е работникот, кој утрово го загуби животот, откако неколку работници ги затрупа земја копајќи темели за изградба на зграда во скопската населба Кисела Вода. Неговото тело е извлечено и однесено на обдукција.
Според д-р Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје во изјава за меддиумите рече дека настраданите се на возраст помеѓу 35- 45 години.

Д-р Панов се јавил да побара асистенција, а потоа рече дека се интервенирало со четири амбулантни возила.

Подоцна со соопштение се огласи и Министерство за здравство.

-Во Ургентниот центар се транспортирани тројца повредени градежни работници. Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, во тек се дијагностички процедури. Кај едниот од нив веднаш е санирана повреда на лактот, а третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и една натколеница. Се следи
здравствената состојба на повредените лица и продолжува нивниот медицински третман., информираат од МЗ.
Трагедијата ја потврија и од МВР.

-Денес во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја има затрупани работници. тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт
констатирал лекар од Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ