Зеленски: Разговорите за Украина не можат да го чекаат крајот на војната во Иран

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека војната во Иран го одвлекла вниманието од руската агресија врз неговата земја, предупредувајќи дека е „голем ризик“ да се смета дека напорите за завршување на војната во Украина не можат да продолжат додека не заврши конфликтот во Иран.

Во интервју за Си-Ен-Ен Зеленски рече дека техничките разговори со САД сè уште се водат, но дека не гледа можност за лична средба додека „прашањето за Иран не се затвори“.

Тој истакна дека претставува предизвик тоа што истиот американски преговарачки тим, предводен од пратеникот Стив Виткоф и Џаред Кушнер, учествува во преговорите и за војната во Иран и за Украина. Зеленски нагласи дека иако разбира оти САД моментално се фокусирани на војната во Иран, Украина не смее да биде занемарена.

– Не е опција да се каже дека за Украина ќе зборуваме подоцна. Украина не е „подоцна“’. Таа веќе е во голема трагедија и мораме истовремено да бараме решение – рече тој.

Украинскиот претседател наведе дека војната влијае на испораките на клучно вооружување, особено на противбалистичките ракети, истакнувајќи дека Украина не добива доволни количини поради ограничените производствени капацитети во САД.

Во врска со помошта од Европската Унија, Зеленски рече дека одобрениот кредит од 90 милијарди евра е прашање на „живот и опстанок“ за Украина, нагласувајќи дека без тие средства земјата не може да произведе доволно вооружување за одбрана.

Извор: МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА