Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава беше почувствуван во охридско-струшкиот регион, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според официјалните податоци, потресот е регистриран во 5:36 часот, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга.

Од Сеизмолошката опсерваторија соопштија дека земјотресот бил почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот бил лоциран на околу 55 километри северно од албанскиот град Елбасан и 14 километри север-северозападно од Подградец, на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Од Сеизмолошката опсерваторија апелираат граѓаните кои го почувствувале потресот да придонесат во сеизмолошките истражувања преку пополнување на прашалникот за почувствуваност или со пријавување на бројот 112.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ