Земјотрес почувствуван во државава

Фото: МИА

Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар потекнува од Грција, е почувствуван синоќа во западните делови од државава.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил регистриран во 22 часот и 17 минути, а епицентарот е на околу 200 километри југозападно од Скопје.

– Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува  III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ