Зоран Заев ги тужи Жан Митрев и Бране Петрушевски за нарушување на чест и углед

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев објави на неговиот фејсбук профил дека поднел тужби за клевета и нарушување на честа и угледот против пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Бране Петрушевски и д-р Жан Митрев.

-Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед. Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби, напиша Заев во објавата.

Во фотографиите од тужбите кои Заев ги објави тој и од двајцата побарува штета по 500.000 денари.

Во објава од 8 овој месец на неговиот фејсбук профил, поранешниот премиер ги демантираше трврдењата на Петрушевски и Митрев и побара од нив да се извинат во законски предвидениот рок, а доколку не го сторат тоа најави дека ќе поднесе тужба и ќе се бори со сите правни средства како што напиша за да ја симнал оваа дамка од неговото име.

Инаку, Заев го тужи Петрушевски зашто во обраќање на прес – конференција го поврзал него со запленувањето на 10 тони марихуана во струмичко, а докторот Митрев за изнесени тврдења дека вршел притисок за купување на неговата болница.

Тужбите се поднесени до Основниот суд во Струмица. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ