,,Игри без граници“ прв Винил на Тоше Проески

Музичкото наследство на Тоше Проески добива нова форма на грамофонска плоча. Албумот „Игри без граници“ за првпат се објавува на Винил, овозможувајќи ѝ на публиката да го слушне неговиот глас во врвен аудио квалитет.

Винилот веќе е во претпродажба – ексклузивно на duris.shop во ограничен тираж. Проектот беше издаден во август 2007 година на македонски и српски јазик, само два месеци пред неговото прерано заминување. Се снимаше во престижни студија низ регионот. На албумот се наоѓаат песните, страна А-„Душа остана“, „Никој како тебе не бакнува“  „Боже, чувај ја од зло“ „ Месечина“, Игри без граници. На страна Б- „Среќна ли си ти“ „Најдрага моја„,  „Јас не сум виновен“,  „Цреша“, „ Срце није камен“.

Издавач е „Енџел мјузик“, Винил Ремастеринг е на  Кокан Димушевски. Мастеринг и печатење Винил-Сони ДАДЦ Австрија. Објавувањето на овој албум на Винил претставува чин на зачувување на македонското културно наследство. Во дигиталната ера, грамофонската плоча нуди трајност и автентична топлина на аналагниот звук. „Игри без граници“ на винил останува документ за времето кога македонската музика го достигна својот врв преку уникатниот вокал на Тоше Проески Ова е навистина момент за македонската музичка историја. Објавувањето на „Игри без граници“ на Винил не е само реиздание, туку и емотивно патување назад кон звукот на ангелот што прерано нè напушти.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ