Избегнувајте го поширокото централно подрачје – Три дена посебен сообраќаен режим во Скопје

Денес, уте и задутре ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје

-На 26, 27 и 28.02.2026 година (четврток, петок и сабота), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г-дин Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ