Денеска во дворот на кочанската Општа болница со проширена дејност, пред влезот на Итната медицинска помош, беше откриена биста на Илчо Гоцевски, возачот на итната медицинска помош, кој почина на 16-ти март, после 20 – часовна смена и според кажувања 11 тури со повредени до Штип и Скопје.
Гоцевски си заминал дома за да преспие, преморен и скршен од тага од глетката во болницата, по што легнал да одмори, но не се разбудил. Кога неговата сопруга тргнала да го разбуди за да се врати на работа, го пронашла починат.
Тогашниот министер за здравство, Арбен Таравари, напиша за Гоцевски:
„За мене, тој не беше само возач, туку спасител, човек што стави други животи пред својот сопствен. Неговата жртва нема да биде заборавена, а неговото име треба да остане врежано како симбол на човечност и пожртвуваност“– напиша тогаш Таравари.
Иле Гоцевски беше единствениот здравствен работник кој почина од директни последници од трагедијата.
(К.М.)







