„Имав пациенти во клиничка смрт кои минувале низ тунел и се враќаа во живот“– д-р Кедев за МИА

Сведоштва на пациенети кои имале искуство межу два света, споделува д-р Сашко Кедев, кои ги идентификува со свои доживувања на планините, кога на огромна висина, останал без килслород.

-Тоа се вика Near-death experience, значи искуство блиску до смрт. Повеќе пациенти сум имал коишто опишувале, значи го опишувале тоа, дури и колеги сум имал коишто поминале како пациенти, поминале низ тоа искуство на тунел. Имало пациент којшто кажувал дека влегува во тунел и се ниша лево – десно, дека го буткаат од една страна, го буткаат од друга. Тоа се искуства на луѓе што поминале низ тоа и на крај се враќаат во животот, вели др-Кедев ов интервју за МИА, и додава:

-Јас лично имам почувствувано слично искуство при симнувањето од Канченџунга, кога останав без кислород на 8 400 метри, ми се издиша кислородот и без кислород 300 метри отприлика се спуштав. И во тој момент ми се одмота целиот животен филм, вели,д-р Кедев.

Кедев во ова интервју сподели дека во својата кариера имал пациенти кои споделиле со него т.н. искуства близу до смрта, но и самиот тој искусил таква состојба на некои од неговите алпинистички експедиции.

-И тие искуства се многу важни. И не би ги препорачал на никој, меѓутоа тоа се искуствата што ме ослободуваат од стравот од смрт. Стравот од смртта е најголемиот страв што го имаме сите. Нема човек што нема страв од смрт. И тој е најголемиот лимитирачки фактор за сите нас. За жал. Но, тој што ќе успее да се ослободи од тој страв, ќе биде многу посмирен во животот, објаснува Кедев.

МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ