Истепана пејачка во скопска „кафана“, не и давале да пее, полицијата уапсила двајца скопјани

Фото: МВР

Ноќеска во скопска кафеана била нападната пејачката, двајца мажи не и давале да пее, а кога дошшла полицијата го нападнале пријавителот.

-На 09.04.2026 во 02:13 часот во СВР Скопје С.К. пријави дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром имало нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица.  Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, каде што пријавителот појаснил дека двајца мажи ја спречувале пејачката во локалот да работи, а едниот од нив кој се претставувал дека е од полиција, и физички ја нападнал. Исто така, лицата упатувале закани и кон пријавителот. Од страна на полициските службеници од слобода се лишени Љ.А.(35) и Н.Д.(40) двајцата од Скопје и се преземаат мерки за  расчистување на случајот, информираат од МВР.  

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ