На седницата на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на чиј дневен ред е претставката поднесена од Здружение на граѓани „16 март 2025 Кочани“, во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на говорницата се обрати и Иван Ивановски, претставик на „Супорт Кочни“.
Тој не само што беше револтиран од однесувањето и говорот на пратеничката Иванка Василевска од ВМРО ДПМНЕ, бидејќи побара пауза од еден час, туку и порача:
-Дали одморивте? Како не ви е срам тука пред нас од Кочани вие се препукувате. Расправата не е ни почната а вие барате пауза од еден саат? Па ние за еден саат цела веб страна направивме за да помогнеме. Заете ли што значи еден саат? Ако ова за некој е само уште една политичка активност, тогаш подобро и да не учествувате. Одолговлекувањето ќе биде само обструкција, а ние тоа јавно ќе го кажеме, затоа сме тука. Нема да дозволиме вакви работи. Паузи, дискусии по еден саат. Родителите девет месеци немаат спиено, а вие пауза ќе барате. Ние девет месеци не сме направиле пауза, и тоа волонтерски работиме, а вие сте платени, рече тој и додаде:
-Нас на кондиција нема да не фатите, што и да треба да направиме. Родителите си стојат на ставот и ја сфаќаат поенатата на расправата. Да се дознае, да не се шушка зад врати. Ова не е прашање за политика туку за живот во Кочани, ние што останавме. Од паралелка од 20 деца во Кочани, 18 сакаат да се иселат. Ние сме последата генерација што може да смениме нешто и да знаете дека ние од „Супорт Кочани“ нема да се откажеме и ќе се бориме до крај, рече Ивановски.




