Кинескиот претставник за меѓународна трговија Ли Ченганг денеска потврди дека Кина и САД постигнале рамковен договор за сопственоста над социјалната мрежа ТикТок.

Тој додаде дека „основниот рамковен консензус“ е постигнат за време на трговските преговори што се одржаа викендот во Мадрид.

Средбата во Мадрид беше четвртата рунда трговски преговори меѓу Вашингтон и Пекинг откако американскиот претседател Доналд Трамп влезе во царинска војна со Кина во април.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент најави одржување на петта рунда преговори за неколку недели.

САД и Кина се во спор околу ракувањето со податоците на американските корисници на TикТок уште од мандатот на поранешниот претседател Џо Бајден, чија администрација одобри забрана на мрежата во САД доколку матична компанија „БајтДенс“ (ByteDance) не го продаде својот контролен удел.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ