Клинички ќе добие две монтажни катни гаражи, околу 500 нови паркинг места

Фото: Град Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави отпочнување на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, со што се презема конкретен и системски чекор кон трајно решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во овој значаен здравствен комплекс. 

На координациски состанок, одржан заедно со министерот за здравство Азир Алиу и стручните тимови од ЈП „Градски паркинг” и Град Скопје, беше утврдена динамиката и моделот за реализација на овој важен инфраструктурен проект, кој ќе донесе околу 500 нови паркинг места и значително ќе го олесни функционирањето на Клиничкиот центар.

-Две монтажни катни гаражи добива Клиничкиот центар во Скопје – трајно го решаваме проблемот со паркирањето! Денес, заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, како и со стручните тимови од ЈП „Градски паркинг” и Град Скопје, одржавме координациски состанок со кој официјално го отпочнуваме процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар. Со реализацијата на овој проект кој ќе го изведува градот Скопје, ќе се обезбедат околу 500 нови паркинг места, со што конечно се става крај на долгогодишниот хаос со паркирањето во и околу Клиничкиот центар.  Ова е конкретно, функционално и трајно решение кое директно ќе го олесни секојдневието и работата на здравствените работници, но и пристапот на пациентите од целата држава кои секојдневно доаѓаат на лекување, рече Ѓорѓивски и додаде:

-Изградбата на монтажните гаражи ќе овозможи подобра организација на сообраќајот, слободен и непречен пристап за итната медицинска помош и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, со почитување на јавниот простор и современите урбанистички стандарди, рече тој.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ