Конечно! Универзална почнува да се гради!

По долги години чекање и административни пречки, денес официјално можеме да објавиме: започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала – еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија, информираат од Министерство за култура.

-Министерството за култура и туризам информира дека постапката за избор на изведувач за Универзална сала успешно е заокружена откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована жалбата на економскиот оператор и го потврди изборот на најповолна понуда. Со ова се отстранува и последната правна пречка за почеток на градежните работи. Со решението дефинитивно се потврдува Одлуката за избор на најповолна понуда од 23.03.2026 година и е одбран конечен изведувач на проектот, велат од Министерство за култура и ддодаваат:

-Проектот се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата на Универзалната сала треба да заврши до декември 2027 година. Ова е клучен проект во рамките на подготовките на Скопје за носењето на престижната титула – Европска престолнина на културата 2028. Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани. Ова е инвестиција во иднината на македонската култура, инвестиција во нашите уметници, во нашата публика и во идните генерации. Министерството за култура и туризам останува целосно посветено на транспарентно, законито и брзо реализирање на сите капитални проекти кои го зајакнуваат културниот идентитет на земјава, се вели во соопштението.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ