Концерт на „Парусион“ во МКЦ

Групата „Парусион“ на 28 јануари, со почеток во 20:15 часот, ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, најавувајќи вечер посветена на авторската музика, современиот фјужн израз и ритамот како главен носител на музичката мисла.

на сцената ќе се слушнат неколку нови песни за публиката, но и „Таа е“, „Фолки“, пред 22 години. Потоа дел од „Агол“, па и новите „Демолина“ и „The Wood“ – „Дрвена песна“. „Песна за лебедот“, „Странци од Скопје“. „Шегебо“ како инструментална, „Сатурус“ и „Електрична земја“ и други.

-Најавувам концерт со авторски содржини кои се во фјужн стил и импровизации на истите теми на самите композиции. Денес фјужн, од наш бендовски аспект, е веќе готова содржина која има место за апстракции и додавање на нови зачини. Дали како звучни ефекти или импровизации, но сепак во контекст на композицијата, вели Михаил.

Биетите за Parussion Mihail & friends може да се купат на
https://mktickets.mk/event/parussion/

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ