Костадиновски: Каде ќе продолжи мојата кариера е мој личен избор и легитимно право

По повод медиумските прашања поврзани со соопштението на политичката партија „Левица”, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски одговори со реакција: 

„Како претседател на Уставниот суд, останувам доследен на својот принципиелен став да не коментирам ничии политички ставови изнесени во јавноста.

Сепак, овој пат, бидејќи се работи за лични дисквалификации, навреди, чувствувам должност да констатирам дека за жал, на македонската политичка сцена сеуште опстојува примитивен политички менталитет.

Истовремено сакам и да изразам жалење што на мојот професионален живот и лична кариера, некој упорно им дава политичка димензија. Прашањето каде по завршувањето на мандататот ќе продолжи мојата кариера и дали тоа ќе биде универзитетската заедница претставува мој личен избор, како и легитимно право на секој граѓанин кој ги исполнува законските услови за вршење одредена професија. 

За конкретното прашање со кое се преокупирани некои политички структури, релевантни се следниве критериуми: моето научно творештво и искуство, како и потребата на академската заедница од таков кадар. А, овие критериуми кои е лесно да се објективизираат секако не зависат од било кој политичар и неговите преференци!“ – стои во реакцијата на Костадиновски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ