Кочани: Александар Андов си поднесе оставка од функцијата директор на ОУ ,,Никола Карев”

Директорот на кочанското ОУ ,,Никола Карев”, кој воедно ја извршува и позицијата претседател на советот на општина Кочани, Александар Андов, попладнево си поднесе оставка од функцијата директор во училиштето.
Оставката следува под силен притисок од јавноста, откако утрово независната советничка група ,,Доста Беше” му поднесе нему и на градоначалникот Владко Грозданов, кривична пријава за непостапување, откако речиси 5 месеци од Мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата не се надмина судирот на интереси.
Градоначалникот Грозданов попладнево соопшти дека оставката е веќе депонирана во архивата на општина Кочани и дека никој не може и не смее да биде над законот:


,,Во моментов ја депониравме оставката на директорот на ОУ ,,Никола Карев”, Александар Андов и е примена во институцијата. Од утре продолжуваме со разговори со вработените во ОУ ,,Никола Карев”, за многу брзо време ќе имаме нов в.д. директор и образовниот процес нема да трпи, туку продолжуваме понатаму согласно законските правила и прописи. Никој не е над законот.” – изјави Грозданов.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ