Кочани: Стојан Рашков поднел кандидатура за в.д. директор на ОУ „Никола Карев“

Младинскиот работник и автор на Стратегијата за млади на Општина Кочани 2019 – 2023, Стојан Рашков, денеска поднел кандидатура за в.д. директор на ОУ „Никола Карев“ до градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов. Во писмото за кандидатура стои:

„Почитуван Градоначалник,

Како европски признат младински работник кој за себе има реализирано огромен број на европски проекти поднесувам кандидатура за В.Д Директор на ОУ „Никола Карев“. Тоа е училиштето на кое сум особено горд бидејќи таму го стекнав моето основно образование и жалам што моите класни раководители не го дочекаа овој момент да го видат развојот, образованието и успехот на својот поранешен ученик. Секој учител својата образовна мисија ја завршува успешно кога ученикот ќе го надмине со својот успех.

Како дел од EVS програмата од Еразмус+ во 2016та година живеев во Лиепаја Латвија како работев со основните училишта за работилници и активности од неформално образование. Низ едукативниот процес во тие 2 месеца работев со над 1000ученика од Лиепаја. Како дел од истата програма во периодот од Ноември 2018 – Март 2019 работев во Софија во ACB, Pan Europe Bulgaria and Digital National Alliance Bulgaria. Тогаш работев на поврзување на основни училишта од сиромашни средини во Бугарија со програма на Гугл за нивна поддршка и развој. Преку истите организации во кои останав член менториран од поранешната министерка за Европски прашања и Дигитален шампион на Бугарија Гергана Паси бев назначен за координатор за фестивал за вселена Helloo Space Bulgaria Calling на кој работам од 2023. Со ова сакам да заокружам процес кој можам да го почнам во моето училиште и да го внесам во две програми со што ќе стане историја во Македонија и мојот наследник ќе има отворен пат за едукативен развој од светски рамки во Кочани и регионот.

Во прилог ви доставувам документи за моите активности и образовни процеси.

Со почит,
Стојан Рашков
Претседател СВТ Алумни Македонија 2017-2019
Претседател Ротаракт Клуб Кочани – Виница 2018-2019
Член на E.R.I.C. претставник на Македонија 2019-2021
Директор „Олимпеа Студија” Виница 2019-2022
Писател книга „Трнливиот пат на една македонска фамилија” 2017
Ко-основач на НВО „3×3 Кочани” 2023
Кординатор за млади од Македонија на Helloo Space Bulgaria calling фестивал за вселена 2023
Основач на „Поп Ап Бар Станица X ДООЕЛ Кочани” 2024
Ко-организатор конференција „StairWay to Europe 2030″
“ – стои во дописот на кандидатурата до градоначалникот на Кочани.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ