Во понеделник на 15 јуни со почеток од 19 часот во градскиот Парк на Револуцијата во Кочани ќе се одржи модна ревија и продажба на фустани со хуманитарен карактер, во чест и спомен на Јорданчо Џамов, еден од 63-цата загинати во пожарот во дискотеката Пулс:
„Со особена чест и длабока почит Ве покануваме да бидете дел од хуманитарниот настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели.
Настанот има за цел да ја обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за:
• Изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“
• Помош и поддршка за семејства од ранливи категории
Во рамките на програмата ќе бидат организирани:
• Модна ревија во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
• Продажба на фустани, при што сите собрани средства ќе бидат наменети за поддршка на хуманитарната цел на настанот
Музичка програма
Ве очекуваме заедно да испратиме порака на хуманост, почит и надеж.
Со почит,
Пријателите и семејството“





