Кочанчани против станбени згради на локацијата Панаѓур

Денеска се одржа јавната презентација на Деталниот урбанистички план за градска четврт 13 во Кочани, реон во кој подолго време спорни се неколку парцели на локацијата Панаѓур, на која помеѓу станбени згради и градинка опстојува празен простор, за кој постои инцијатива за парк, но според предлог ДУП-от во овој простор предвидени се станбени згради.

Присутните граѓани искажаа големо незадоволство од решението на таа локација да се градат станбени згради, а од сите пријавени за збор, никој не го поддржа решението на локацијата да никнат нови згради.

На јвната презентација присутни беа и советници од претходниот состав на Советот, кои посочија дека минатиот Совет веќе дал негативно мислење за изградба на станбени згради на оваа локација и дека не сфаќаат зошто повторно се отвора темата.

Анкетата за решението за ДУП за градската четврт 13 е активна до 3-ти март и зависно од забелешките на неа, Советот ќе носи одлука.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ