Кој ќе ја води РКЕ: Ристов – бивш градоначалник и енергетичар или Реџепи раководител во Регулаторна?

На собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата попладнево ќе се најдат биографиите на двајца кандидати, кои се јавиле на јавниот оглас за избор на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Невообичаено е мал интересот за ова атрактивно место. Пред членовите на комисијата денеска ќе пријавите на Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ВМРО ДПМНЕ, сопственик на енергетска компанија, електро инженер и  Шамил Реџепи, раководител на одделение за економски прашања, магистер по економија, менаџмент и бизник, кој во РКЕ е 22 години.

Ристов, кој е смета за фаворит на огласот, во својата работна биографија пишува дека од 2021 година работи во областа на енергетиката со неговата приватна компанија Алфа инженеринг, која ја раководи до 2021 година, која станува градоначалник, за по завршувањето на градоначалничкиот мандат во од октомври 2025 година мандатот повторно се враќа во фирмата.

За себе Ристов пишува дека е „дипломиран електро инженер со долгогодишно раководно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи. Искусен менаџер со докажана експертиза во управување со комплексни градежни, енергетски и индустриски проекти, вклучително хидроелектрани, електроенергетски системи, пречистителни станици, пумпни системи и индустриска инфраструктура. Силни компетенции во проектен менаџмент, техничка координација, надзор и стратешко планирање“.

Шамил Реџепи ги завршил студиите на Универзитетот „Изет Бајсал“ во Турција, на Факултет за економија, менаџмент и бизнис, а од 2004 година работи во РКЕ.

Во пријавата Реџепи напишал дека врши работи и задачи кои што се однесуваат на регулирање на прашањата поврзани со вршењето на енергетските дејности определени со Законот за енергетика, преку активно учество во работата на работните групи при донесувањето на акти на Регулаторната комисија за енергетика, како Правилници, Мрежни правила, Правила за пазар, Правила за снабдување, Одлуки, Упатства и Решенија, кои се во доменот и уредени согласно Законот за енергетика, другите подзаконски акти, како и Статутот и Деловникот за работата на Регулаторната комисија за енергетика.

Во работната биографија пишува дека Реџепи извршувал неколку важни организациски и менаџерски функции во евроазиските меѓународни асоцијации, главно поврзани со управувањето со човечки ресурси, социјалниот и економскиот развој. Има значително искуство во регулирањето на енергетскиот сектор во Македонија и е дел од Регулаторната комисија за енергетика и водоснабдување од основањето на оваа институција.

Ристов или Реџепи треба да го заменат Марко Бислимоски, кој си поднесе оставка две недели откако Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против него. Истрагата се фокусира на случај во кој е вклучена компанијата „Тритерол Петрол“ ДООЕЛ Скопје на бизнисменот под истрага Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ