Кривична за дилери на кокаин од Гевгелија и Струмица

Фото: МВР

Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин.

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија и В.С.(51) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, велат од МВР и додаваат:

-Пријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин и, по претходен договор со пријавениот П.Ч., го ангажирал со неговото возило да го пренесе до третопријавениот В.С.. Откако кокаинот бил доставен до В.С., тој го сокрил, односно го закопал во земја на место викано „Топо” во атар на с.Босилово, струмичко. По добиени сознанија и преземени службени дејствија, полициски службеници од СВР Струмица ја пронајдоа локацијата на која била закопана дрогата и со помош на работни машини е ископана, извадена и одземена од В.С., се вели во информацијата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ