Кривична за навивач на кошаркарски натпревар кој со монета повредил малолетник

Со поднесување на кривична пријави заврши инцидентот од февруари од Куманово, кога дојде до инцидент на кошаркарски натпревар помеѓу екипите на МКК Куманово и МЗТ Скопје.

СВР Куманово соопшти дека поднесе кривична пријава против Б.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”.

-На 21.02.2026 во спортска сала во Куманово, пријавениот, припадник на навивачка група, за време на кошаркарски натпревар помеѓу екипите на МКК Куманово и МЗТ Скопје, се однесувал недолично и фрлил монета кон домашната публика, при што повредил 13-годишен малолетник, информира СВР Куманово.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ