Крстевски: Тагата останува и болката не стивнува

„Шест месеци по трагедијата во „Пулс“, тагата останува, болката не стивнува.

Прекинатата младост, изгубените животи, одземените ближни, ни создаваат уште поголема огорченост од системот кој со години дозволува корупцијата и криминалот да бидат посилни од законот и институциите.

Оваа трагедија е резултат на нефункционалност, неказнивост и небрежност. Граѓаните имаат право на безбедност, на одговорни институции и на еднаквост пред законот.

Имаме историска шанса коренито да ги смениме состојбите, да придонесеме за побезбедно и поправедно општество. Должни сме да градиме држава во која владеењето на правото е реалност, а не празна фраза. Тоа е најмалку што им го должиме на жртвите и на идните генерации.

Нека почиваат во мир нашите незаборавни“, напиша в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ