Лажен хирург од Македонија „оперирал“ во Србија, полицијата го уапсила

Српската го приведе А.К. (42) македонски државјанин, осомничен за кривично дело измама, бидејќи лажно се претставувал како хирург и барал пари од луѓе за операции.

Тој е осомничен дека заедно со неколку засега непознати лица ја довел во заблуда оштетената дека за паричен надомест итно ќе оперира член на нејзиното семејство, кој наводно доживеал сообраќајна несреќа.

Полицијата го уапсила веднаш по предавање на пари и кај него пронашла 16.650 евра и 150.000 динари, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Полицијата се сомнева дека А.К. и бараните лица, во периодот од ноември лани досега, извршиле неколку измами на територијата на Белград на ист начин и со тоа нелегално се стекнале со повеќе од 100.000 евра.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава. MIA

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ