„Ласкарци е наш колективен пораз“ – Горан Наумовски напиша книга со потресно сведоштво за несреќата

„Последна станица Ласкарци“ е книга од живото сведоштво на Горан Наумовски од Гостивар , кој тој кобен ден. пред седум години, на овој ден, 13 февруари 2019 година, бил во автобусот, како и многу негови сограѓани кои тргнале од Скопје за дома. За жал, оваа несреќа е тага и болно сеќавање за него, за оние кои ја доживеја несреќата и нивните најблиски,.  Но, секако и за сите нас, бидејќи Ласкарци е почеток на нашето сознание за трулиот систем, кој понатаму, за жал,  ќе го видиме и во Модуларна болница во Тетово, Бесса Транс, Дискотека Пулс и не дај Боже понтаму.

Со Наумовски разговаравме за се она што го содржи книгата, која е испечатена на македонски, турски и албански јази, за да може сите да ја разберат, бидејќи автобусот беше пекол за сите. Зборувавме за траумите, за тоа човек го сфача животот после една ваква тргедија.

-Книгата е класичен пример на животот во Македонија, на обичниот човек, кој  минува значителни искушенија во секојдневието. На почетокот е отсликан животот пред несреќата и како сите оние секојдневни проблеми кои не мачат ние ги сфаќаме серизоно, а не да ги прифатиме такви какви што се, се до оној момент кога се случува, не дај Боже, нешто полошо . Од тие моменти почнуваме да го цениме нашиот претходен живот, иако бил со поситни проблеми, а не изгледале така во тој момент.  Се до оној момент додека не се случува нешто полошо.

Дали сега животот го сметаш за подарок, за втор живот?

-Тоа е симболиката. Ми велат ете ова ти е е втор роденден.  Сите ние налетуваме на некакви си исклушенија во животот. Треба да бидеме позитивни и да продолжиме понатаму, да излеземе понегибнати од некои трауми кои животот ги носи.

Дали трамите ги чувствуваш и денес?

-Тое се некои лоши сегменти од кои човек не може да излезе и да биде како што бил претходно. Јас се трудам да бидам позитивен, имам семејство, имам три деца на кои треба да им се посветам.  Треба да останам пример дека животот треба да продолжи, дека треба да гледаме позитивно на тие рабти. Трауми има и ден денес,па  јас секој ден поминувам покрај тоа место. Од Гостивар сум ама работам во Скопје.  Но, му благодрам на Господ што јас бев од тие кои некако успеаја да останат се уште на овој свет. Се извлеков со некои повреди, имав операции, имав скршени ребра, скршено рамо,кваликула, гребаници по лице и внатрешни повреди. Желудникот од ударот и ден денес ми е поместен во градниот кош. Треба и тоа да се оперира ама терам со терапија, со таблетки.

Иако за некои мои сограѓани, за жал, не беше така. Книгата е во  чест на сите кои ја немаа мојата „среќа“ да завршат по болници, во нивно сеќавање и паметење . На почетокот е опис на животот и секојдневието пред несреќата, кој ни изгледа многу сиво, а потоа и се она што се случуваше, бидејќи јас бев во свесна состојба и сам излегов од автобусот иако од сите повреди што ги имав потоа изгубив свест. Но, тогаш, тој ден нема да биде заборавен, ниту жителите на селото Ласкарци и другите кои дојдоа да помогнат, да не спасат. Безрезерво ни даваа помош и благодарејќи на нивната брза, безрезерва и хумана реакција многу од нас и се спасија.

Што навистина се случи, како се спасувавте? Страшно беше за сите, но неописиво е за вас..

-Навидум обичен ден, кој не се разликува од другите, но одеднаш се случи парадоксот, се се испревртува. Тој обичен ден се претвори во погрешен и некои работи ги гледаш пред твоите очи и мозокот не може да ги регистрира, бидејќи околу тебе повредени, крв насекаде.  А што се случи? Техничка неисправност на автобуот! Од милион  аспекти во нашава државичка опстојуват тие аномалии и со нив секојдневно се соочуваме во разни облици. Неправда која ни се нанесува. Ласкарци беше предвесник на лошите работи кои понатаму ни се случуваа како колектив. Да не ги набројувам ама … Но, едноставно не се учи од грешките и на наша општа жалост ги повторуваме.

Се качивме во автобусот и сите едвај чекме да се вратиме дома. По првата патарина се почувствува удар. Во тој момент не си свесен што се случува, мислиш нешто паушално. Потоа следуваше втор удар во втората банкина и третиот пат излетавме во таа шестметарска провалија. Во прв момент не ни беше јасно што се случува, во тој момент не можеш да ги регистрираш работите иако ти се пред очи. Многу од сопатниците ги гледаш ама не можеш да регистрираш во каква позиција се. Јас седев во задниот дел на автобусот, две седишта поназад од средната врата, до прозорецот. По првичниот шок, бидејќи бев свесен, а стаклото од прозорецот беше скршено, јас излегов преку прозорецот. Кога излегов видов страшни слики. Луѓе спасуваа, луѓе лежеа на земја,некои живи некои починати. Она што ми остана врежано во сеќавање е како една од патничките во полуседната состојба се држеше за стомак и викаше на глас: Бремена сум, бремена сум! Жената со мајчински инстикт, не мислеше за себе, се бореше за детето, кое се уште не ни почнало да живее! За среќа преживеа и жената и бебето. Не знам тоа како да го опишам. Божја работа! Она што се случуваше, самиот страшен настан, несреќата, патниците кои за жал неуспеаја да преживеат,  го опишав во книгата и навистина сакам да допре до читателите. Сето тоа е прикажано на искрен начин.

Обично велат дека во такви моменти животот поминува како на филм?

-Да го имам опишано тоа. Некои работи што не можеме да ги сфатиме. Тогаш под некоја енергија, во моите мисли беше присутен мојот најмал син Габриел. Само него го имав во главата. Ај можеби дека е најмал. Но, ми беше парадоксално спознанието дека само тој постои. Едно специфично и несфатливо чувство за мене. Имам три сина, имаат емпатија. Не им беше сеедно, од лутина се до плачење. Најмалиот имаше тогаш шест години и можеби дека му недостасував, што не сум дошол дома. Вториот син беше во Скопје и требаше и тој да тргне со мене, но за среќа остана. Пак, ќе кажам дека тоа е мојата приказна , имаше некаков среќен крај, но имаше мои сограѓани и познаници кои останаа таму од каде што нема враќање

Како завршува книгата после таа опишана тага, можебо оптимизам, поука, порака?

-Завршува со последната глава која се вика „Гостивар е најдалеку на свет!“. Во контекст на тоа дека нашето патување почна на 13 фебруари во 2019 година, во 18.15 минути и станува збор за патување  од 60-тин  минути кое го знаеме на памет, бидејќи тоа патување е редовно. Но, тоа патувње за некого се претвори за месец дена, колку што јас бев по болници,  за некои мои сограѓани и повеќе, а за некои, за жал, тука заврши патувањето. На крајот ние сите се вративме во Гостивр, само што за некои тоа беше точка, за некои запирка. Но, на крајот од тоа кобно патување поентата е дека сите се вративме во Гостивар во различно време и различен епилог. Ова е потресно сведоштво за секој во Македонија. Имаме многу примери такви, не смееме да заборавиме бидејќи е наш колективен пораз кој сакале ние да го признаеме или не. Може да се повикуваме на систем, но сите ние го правиме системот, допринесуваме со тоа дали со тоа што ја наведнуваме главата, што премолчуваме што не сме способни да создадеме критична маса. Денешницата ни е исполнета со црни хроники, децата ни ги газат на пешачки, а ние продолжуваме со наведнати глави. Тоа е поразително за сите нас ама… така е. Целата книга е во тој контекст. Да се освестиме од атмосферата во која сме, ама дали имаме капацитет тоа е друго прашање.

Јас не сакам да се сфати дека од ова би профитирал. Би сакал да дојде до повеќе читатели, да се почувствува емоцијата,но не скам да бидам прикажан дека профитирал од колективна трагедија. Во мене тлееше таа енергија и по несреќата во Пулс, мораше да се искаже тој револт, бидејќи и јас сум бил во таква состојба. Жал ми е што сите кажуваме дека системот сме ние ама само кажуваме, ништо не превземаме. Книгата ја напишав за десетина месеци.

Дали во книгата е опфатено судењето?

– Во книгата не е опфатено судењето, бидејки тоа е приказна сама за себе и бара многу повеќе… Не најдов за сходно да го кажам, бидејќи таму беше друг театар, друга претстава, која од страна на оштетен мора да ја проголтуваш. Кога гледаш колку е трул системот, кој по инерција би требало да функционира. Но, не.  Тоа е друга страна на приказната поврзана со Ласкарци.  Она што можам да го кажам е дека судијката што беше за Ласкарци е истата која го суди случјот со Пулс. Тоа ми се показтели дека не се сменило ништо во нашата средина, во колективот, но тоа е само мое видување.

Во автобусот имаше луѓе од повеќе националности, затоа ли книгата е на три јазика?

-Да, на македонски, албански и турски јазик. Па во автобусдот имаше луѓе од Гостивар кои останаа таму од каде што нема враќање. Во автобусот имаше од сите националности, за да им биде полесно и на нив, да ја прочитаат, да ја разберат.

Затоа сакам да пробаме да бидеме пооптмисти, а тоа не може да се случи само до себе. Да бидеме поемпатични, пооптимисти, мора да преминуваме и на дела. Да бидеме поедноставни, да бидеме еден за дуг. Да гледаме денот да помине во нешто што  би помогнало некој околу нас да биде посреќен.  Она што можеме, бидејќи ние не можеме да правиме покруцијални работи, но барем некои едноставни придобивки во текот на денот.  Да сме поемпатични, да не се делиме по разни основи.  Може звучи некако…но тоа ми е идејата, тоа сакам да се случи, да сме единствени…

Весна Миленковска

Фото:Приватна архива

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ