Луда потера со пиштоли на експресниот пат Штип – Кочани

Двајца жители на кочанското село Грдовци се дале во потера и му се заканувале на човек од тетовско Челопек, по што биле пријавени и приведени во полиција. Случајот е од вчера, 23.04.2026 година.

-Во 11:22 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип, ги лишија од слобода А.Ј.(19) од Кочани и Ф.П.(22) од селото Грдовци, кочанско, постапувајќи по претходна пријава од Р.Б.(60) од с.Челопек, тетовско, дека на експресниот пат Штип-Кочани, околу 11:10 часот додека управувал патничко возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „голф“ со кочански регистарски ознаки, во кое биле А.Ј. и Ф.П., при што му се заканувале со пиштол. По преземени мерки, лицата се лишени од слобода, а одземени се два пиштола“, соопшти СВР Штип.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ