Македонија без реформи и Бугарите во Уставот ризикува да изгуби 47 милиони евра, но ако се потруди може да го фати рокот со Црна Гора и Албанија – вели ЕП известувачот Вајц

EP Plenary session - European Climate Law

„Во последната година не видовме никаков напредок, никакви реформи. И не станува збор само за започнување преговори, туку и за реформската агенда, Планот за раст. Ако земјата не ги спроведе потребните реформи, 47-те милиони евра нема да одат кај неа, туку кај соседните земји, е ставот на известувачот за Македонија, Томас Вајц во интервју за Еуроњус Бугарија.

Вајц потсетува дека внесувањето на малцинствата во Уставот, пред се’ бугарското малцинство, е услов за почеток на преговорите, за што, како што оценува, актуелната власт во Македонија не покажува политичка воља. Известувачот во интервјуто оценува дека сега е идеално време за промена на курсот, бидејќи „климата за проширување во ЕУ е многу поволна“.

-Ако не го искористат овој момент, многу жалам за земајата и нејзиното население“, вели Вајц, според кој, доколку земјата се обврзе, сериозно се обврзе на реформи, има шанси да им се приклучи на Албанија и Црна Гора и да ги почне преговорите во овој мандат на ЕУ.

-За жал, досега не гледам дека се преземаат потребните реформи. Во овој момент, не гледам политичка волја од страна на владата да се обврзе, да се обврзе сериозно, особено кога станува збор за владеењето на правото и независноста на судството, вели известувачот. 

Вајц рече дела подготвил и кратка рамка, што планира да ја претстави пред Европскиот Парламент. Тоа е само рамка, со оглед на тоа што има ограничување до 7500 зборови, што потоа ќе се проширува со ставовите на сите политички групи. Сепак, Вајц е оптимист дека заедничката работа, може да ја придвижи Македонија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ