Македонските актери во Атеље 212 – овации во Белград

Како резултат на соработката меѓу шоуто „Глумците пеат” и култниот белградски театар Атеље 212, во рамки на традиционалната предновогодишна манифестација „Брод плови за Београд„, синоќа и вечерва настапуваат двајца македонски актери – Игор Ангелов и Ања Митиќ.

„Брод плови за Београд” е култна предновогодишна манифестација на Атеље 212, со исклучителен интерес од публиката а билетите традиционално се распродаваат за неколку минути. Настанот е авторска идеја на доајенката Горица Поповиќ, а се реализира под уметничко водство на Светозар Цветковиќ.

На првата вечер, настапот на Ања и Игор беше дочекан со овации од белградската публика. Во друштво на најпознатите белградски актерски имиња, тие ја освоија белградската публика, но и колегите со кои ја делеа сцената.

Настапот на нашите актери во рамки на оваа реномирана манифестација претставува значаен момент за видливоста на домашната актерска сцена надвор од земјата и повод за искрена професионална гордост.

Белградското гостување е вовед во продлабочување на соработката, веќе на следното издание на „Глумците пеат” во март.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ