Македонските државјани со 17.000 добиени државјанства од ЕУ остануваат една од најголемите групи од Западен Балкан на натурализирани граѓани

Европската комисија објави дека во 2024 година, речиси 1,2 милиони луѓе стекнале државјанствона земјата-членка на ЕУ каде што живееле, што е зголемување од 11,6% (+122 700 лица) во споредба со 2023 година. Бројот на доделени државјанства скокнал за 54,5% во споредба со 2014 година, кога биле доделени вкупно 762 100. 

Поголемиот дел од овие нови државјанства се доделени од Германија (288 700; 24,5% од вкупниот број на ЕУ), Шпанија (252 500; 21,4%) и Италија (217 400; 18,5%). 

Статистичката агенција на ЕУ – Еуростат објави податок дека во 2024 година, околу 17,000 државјани на Македонија добиле државјанство во земјите на ЕУ. Тоа претставува една од најголемите групи од Западен Балкан кои се натурализирани во ЕУ. 

Што се однесува до нашите граѓани, останува тренд – бројот на Македонци кои добиваат ЕУ државјанство  да е стабилно висок, со раст во последната деценија. Западен Балкан е меѓу најголемите извори на нови ЕУ државјани.

Албанците и Македонците редовно се меѓу првите пет групи по број на натурализации. Причините се  долг престој, работа, семејно обединување и интеграција во земјите домаќини. За споредба Сиријците (110,100) и Мароканците се најголеми групи, но Македонците се меѓу најголемите европски не-ЕУ групи.

Албанците се трета нација по број на добиени државјанства во ЕУ, веднаш по Мариканците и Сиријците. Според официјалните податоци 48 илјади албански граѓани добиле државјанство во една од земјите на Европската Унија. Италија е земјата што издала најмногу пасоши на Албанци, со 66% од вкупниот број, по што следуваат Грција со 22%, Германија со 7% и Шведска со 2%.

Во 2024 година, Шведска забележа највисока стапка на натурализација меѓу земјите од ЕУ, со 7,5 државјанства доделени на 100 жители кои не се државјани, по што следат Италија (4,1) и Шпанија и Холандија (по 3,9 секоја). На другиот крај од скалата, најниски стапки на натурализација на 100 жители кои не се државјани се забележани во Литванија (0,1), Бугарија и Естонија (по 0,3 секоја).

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ