Полна душа македонска музика.. Така беше вчера во полната сала на „Борис Трајковски“, каде Влатко Лозаноски- Лозано одржа концерт и ја собра Македонија на едно место.
Километри љубов се слеа меѓу публиката, која тој ја испочитува во секој сегмент, а таа му возвраќаше со емиции и аплауз. Не го заборави и денот, па се заблагодари на мајка му, сестра му, на семејството, а на дел од женската публика им подари цвеќе и ја отпеа „Мајка“. Сопругата Савка ја поздрави со насмевка и ја отпеа „Жена како ти“.

И тука се појави Марко, кој не само што беше најголема поддршна на тато Влатко, туку не престана да игра и да ја забавува публиката. Нема спиење кога на тато му треба поддршка, па Марко не само што не престана да игра, секако облечен во маичка на која пишуваше „Километри љубов за тато“, туку ја забавуваше и публиката околу себе. Секако беше и храбар кога тато Влатко го зема со себе на сцена да ја поздрави публиката. Марко остана буден и разигран до крајот на концертот ико има само година ипол.

Концертот беше полн со емоции до крајот и кога Влатко ја повика публиката да направат ѕвезено небо, па ја отпеа „Громови на душа“ од Тоше и „Што сака нека биде“ од ДНК, и одаде почит на загинтите во Кочани и , како што рече, неговите двајца другари Панчо и Андреј, па ја повика публиката на една минута аплауз во нивна чест.

Ја отпеа и „Не кани ме“ од Миле Кузмановски, а на сцената му се придружија и Александра Јанева, Пере од „Нокаут“, со кого ја отпеаја „Лебедот бел“ и Џафер со незаборавната „Сонце за три света“.

Влатко иако е тивок и скромен, сепак, има свој армија обожаватели, кои уште еднаш го потврдија неговиот квалитет и покажаа зошто е на врвот на естрадното небо.
Весна Миленковска
Фото: ВангелТануровски











