Маск се качил во авионот – Со Трамп во Кина заминале голем број милијардери и бизнис-лидери

Фото: Јутјуб принтскрин

 Американскиот милијардер Илон Маск е меѓу водечките бизнис-лидери кои го придружуваат американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата државна посета на Кина.

Портпарол на Белата куќа потврди дека Маск се качил во претседателскиот авион што полета за Пекинг.

Во делегацијата се и извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, кој во септември ќе се повлече од функцијата, како и првиот човек на „Нвидија“, Џенсен Хуанг, чија компанија е еден од најголемите светски производители на чипови за вештачка интелигенција.

Трамп во Кина го придружуваат и директорот на „Боинг“ Роберт Кели Ортберг, директорот на „Блекрок“ Лери Финк, коосновачот и директор на „Блекстоун“ Стивен Шварцман, директорот на „Каргил“ Брајан Сајкс и директорката на „Ситигруп“, Џејн Фрејзер.

Во американската делегација се и претставници на компании како „Голдман Сакс“, „Мастеркард“, „Мета“, „Квалком“, „Микрон“, „Виза“ и други големи технолошки и финансиски корпорации.  МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ