По десетината протести кои се случија изминатите два дена насочени кон доследната примена на новинте законски измени, следеа повеќе објаснувања за тоа како и зошто полицијата може да одземе возило.
Првиот услов за одземање возило е доколку лице управува возило без стекнато право на возачка дозвола. Возењето без дозвола е кривично дело. Но, одземањето е привремено, додека затоа дали трајно ќе му биде одземено возилото на сопственикот, зависи од одлукаа на судот.
Освен поради немањето на возачка дозвола, возилото може да биде одземено доколку возел со брзина која ја надминува дозволената брзина за најмалку 70 км на час во населено место или за најмалку 90 км на час надвор од населено место, кое е во сопственост на сторителот. Исто така, возилото се одземе и доколку возачот возел со брзина која ја надминува дозволената брзина за најмалку 70 км на час во населено место или за најмалку 90 км на час надвор од населено место кое е во сопственост на сторителот, под услов тој и претходно да е осудуван за кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај кое го сторил со надминување на дозволената брзина најмалку 70 км на час во населено место или за најмалку 90 км на час надвор од населено место.
Веќе пишувавме дека според анализата на некои од пресудите на Основниот суд од Штип, во периодот од септември 2025 година до јануари 2026 година, се досудувани парични глоби и времено одземање на возачките дозволи. Сепак, се работи за прекршувања како управување со возилото во алкохолизирана состојба и со поголема брзина од дозволената.




