Денеска е мега ден или мега понеделник за процесот на проширување, кога Украина и Молдавија го отвораат Првиот кластер, бидејќи тие испорачаа резултати, изјави еврокомесарката за проширување пред состанокот на Министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.
-Беше навистина време да го направиме ова. И ако тие испорачаат, и ние треба да испорачаме. Затоа очекувам дека ќе ги отвориме сите преостанати 5 кластери во јули и ова е исто така добра вест. Второ, ќе затвориме 2 дополнителни поглавја за Црна Гора. Вкупно ќе бидат 16.Тоа е приближно половина од она што треба да го направат, рече Кос, која очекува во време на ирското претседателство да се случи најважната вест за Црногорците.
Кос во изјавата и за плановите за проширувањето никаде не ја спомена Македонија, но затоа кажа дека следна тема за која ќе се разговара е Босна и Херцеговина.
-Се надевам дека Европската Унија ќе се обедини околу кандидат за позицијата висок претставник, кој потоа ќе работи во најдобар интерес на Босна и Херцеговина, но и во најдобар интерес на европскиот пат на оваа земја. Најновото истражување покажува дека 74% од луѓето во Босна. Сака да оди по европскиот пат, па затоа ние во Европската Унија, но и во Босна и Херцеговина, лидерите треба да ја следат оваа визија на народот на Босна и Херцеговина, рече Кос.
Еврокомесарката сепак, потсети дека полноправното членство ќе биде можно само откако земјите-членки ќе ги исполнат сите услови.
-Значи, нема половина членство или четвртина членство. Постои само полноправно членство. Но, навистина она за што дискутираме сега, ќе бидат два многу важни принципи. Првото е базирано на заслуги, а второ имаме многу, многу опции што можеме да направиме во областа на постепената интеграција. И ова е она што го бараме сега, т.е. како да го подобриме овој дел од процесот на пристапување, кажа Марта Кос.
На состанокот во Луксембург, министрите за надворешни работи разговараат за војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток во светлината на најновите случувања во војната во Иран, критичната ситуација во Либан, како и за Газа и Западниот Брег, како и односите ЕУ-Кина.





