Меморијален марш во чест на Ивона Антова, која го загуби животот во Пулс

На 15 март, ден пред годишнината од трагедијата во Пулс, кочанскиот ПСК Осогово организира меморијален марш во чест на загинатата планинарка, Ивона Антова:

„По повод една година од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загуби нашата млада планинарка Ивона Антова, во нејзина чест и во спомен на 63-те прерано згаснати животи, Планинарско спортскиот клуб Осогово – Кочани на 15 март го организира првиот меморијален марш „Ивона Антова и 63 Ангели“.
Маршот ќе се реализира на туристичкиот локалитет Пониква.
Почеток: Аеродром Пониква – 09:00 часот
(место каде ќе започне изградбата на Меморијалниот споменик „Ангели“)
Предвидена патека:
Пешачење до највисокиот врв на Пониква – врв Панаѓур (1669 м.н.в.)
Должина на патеката: 9 км (кружна)
Лесна и пристапна патека, наменета за сите категории планинари, рекреативци и љубители на природата
По завршувањето на маршот, за сите учесници ќе биде организиран заеднички ручек во манастирската трпезарија.
За сите клубови, училишта и организирани групи учесници, ПСК Осогово ќе додели благодарници за учество и поддршка.
Да зачекориме заедно по патеките што ги сакаше Ивона, да ја зачуваме спомената за неа и за сите наши ангели, и преку заедништво и љубов кон природата да испратиме порака дека никогаш нема да бидат заборавени.
Пск Осогово ги повикува сите планинарски клубови, рекреативци, училишта, Општината, како и родителите на починатите и повредените деца, заеднички да им оддадеме почит на нашите Ангели – спомен што засекогаш ќе живее и почит што длабоко ја заслужуваат.“ – велат од клубот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ